• e premte, 04 tetor 2024

Ситуацијата на Блискиот исток во фокусот на вонредниот состанок на грчкиот владин совет за национална безбедност

Ситуацијата на Блискиот исток во фокусот на вонредниот состанок на грчкиот владин совет за национална безбедност

Атина, 2 октомври 2024 (МИА) – На состанокот беше направена процена на последните случувања на Блискиот Исток по нападите на Иран против Израел и на безбедносната ситуација, а се разговараше за планот за евакуација на Грците од Либан, соопшти портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис за вонредниот состанокот на владиниот совет за национална безбедност, што го свика премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Маринакис во соопштението посочи дека „Грција на најсилен можен начин ги осудува нападите на Иран против Израел“ и додаде дека тоа е „сериозна ескалација која ја загрозува регионалната стабилност и безбедност“.

-Грција го поддржува народот на Израел и неговото право да живее во безбедност и го повторува повикот за итна деескалација. Грчките власти остануваат будни на сите нивоа, ги интензивираат проверките и соработката за размена на информации, соопшти портпаролот на грчката Влада.

Во вчерашниот терористички напад во областа Јафа во Тел Авив, како што соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, меѓу жртвите е и еден грчки државјанин, жител на Ерусалим. ср/

QËNDRONI TË LIDHUR