Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд
- Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот остров на Нов Зеланд, соопштија локалните власти.
- Post By Јасмина Тасевска
- 07:33, 25 mars, 2025

Велингтон, 25 март 2025 (МИА) – Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот остров на Нов Зеланд, соопштија локалните власти.
Според соопштението, земјотресот бил на длабочина од 33 километри, на околу 160 километри северозападно од островот Снарес.
Жителите на регионите Саутленд и Фиордленд се предупредени да бидат подалеку од плажите и морските области бидејќи силните струи може да претставуваат опасност, соопшти Националната агенција за управување со вонредни состојби.
Повеќе од 4.700 луѓе го почувствувале земјотресот, соопшти владината сеизмолошка агенција, додека новозеландските медиуми објавија дека паѓале предмети и се нишале згради.
Националното биро за метеорологија на Австралија соопшти дека нема закана од цунами за копното, островите или териториите.
Нов Зеланд се наоѓа на Пацифичкиот „Огнен прстен“, регион на сеизмички раседи во Тихиот Океан, каде земјотресите и вулканите се вообичаени. јт/
Фото: МИА архива