• e mërkurë, 12 mars 2025

Сеул воведува итни мерки по стапувањето на сила на новите американски царини

Сеул воведува итни мерки по стапувањето на сила на новите американски царини

Сеул, 12 март 2025 (МИА) - Јужнокорејската влада преминува во режим на целосен одговор при итни случаи бидејќи денеска стапија на сила американските царини за целиот увоз на челик и алуминиум, соопшти јужнокорејското Министерство за трговија, индустрија и енергија.

Како дел од напорите за намалување на влијанието на новите американски царини врз локалните индустрии, Министерството одржа состанок со претставници од различни деловни асоцијации, производители, научни институти и други релевантни институции за да се изготви стратегија за новите царини од 25 отсто наметнати од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

На состанокот, министерот за индустрија Ан Дук-Геун рече дека неговото министерство ќе ја зајакне комуникацијата со локалните индустрии и ќе ги засили мерките за одговор на американските царини за да ги заштити интересите на корејските компании. мс/

фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR