Седум пациенти се згрижени во Клиника Жан Митрев, за критичните се очекува да бидат преземени и да биде организиран трансфер во странство
- Клиниката Жан Митрев соопшти дека кај нив се згижени седум пациенти повредени во трагедијата во Кочани, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба и се интубирани.
- Post By Сашо Арсовски
- 19:06, 16 mars, 2025

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Клиниката Жан Митрев соопшти дека кај нив се згижени седум пациенти повредеи вои трагедијата во Кочани, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба и се интубирани.
- Во овие критични моменти, Клиниката Жан Митрев е целосно посветена на обезбедување итна и најквалитетна медицинска грижа за сите погодени од несреќата. Нашиот медицински тим вложува максимални напори за нивна стабилизација и се очекува организирање трансфер во странски медицински центри за понатамошно лекување. Ги мобилизираме сите расположливи ресурси и остануваме посветени на борбата за секој живот. Нашите мисли и поддршка се со пациентите, нивните семејства и сите засегнати од оваа трагедија, се наведува во соопштниеот од Клиниката Жан Митрев.са/
Фото: Клиника Жан Митрев