• e martë, 18 mars 2025

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 13.15 часот во село Градец, гостиварско, го лишиле од слобода М.Н.(32) од село Горјане. Тој се сомничи дека извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно дека претходниот ден подметнал пожар во две штали на лицето А.Н.(34) од село Горјане. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Д.(49) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неизвршување судска одлука“. При контроли, извршени на 07.03.2025, полициските службеници утврдиле дека тој, не се придржувал кон решение од Основен суд во Охрид со кое му е одредена мерка „куќен притвор“, туку го напуштал својот дом. При претрес, извршен во простории на булеварот „Железничка“, кои ги користел, пронајдени и одземени се девет паковки со кокаин, по што е извршена промена на решението од куќен во активен притвор и тој е спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Битола.  

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 13.50 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар го лишиле од слобода Ф.И.(34) од село Вруток, гостиварско. Тој се сомничи дека на 13.03.2025 сторил кривично дело ,,кражба“ по член 235 од Кривичниот законик, пријавено од Б.Н.(49) од Гостивар. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвена соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Куманово утринава во 03.20 часот го лишиле од слобода В.Џ.(28) од село Черкези, кумановско, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Полициски службеници од Полициската станица Драчево денеска во периодот од 04.30 до 06.00 часот во Скопје ги лишиле од слобода Л.Н.(25), Л.Х.(26), Л.У.(48), Л.С.(22), М.Љ.(34), А.А.(25) и С.Љ.(21), сите од село Морани, општина Студеничани. Тие се сомничат дека на 16.03.2025 околу 23.45 часот во село Морани физички ги нападнале Ш.А.(44), Л.А.(20) и 15-годишник, сите од Морани., при што употребиле тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Б.Ш.(37) од Скопје вчера во 12.50 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 12.15 часот во двор од неговата куќа, на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од С.Г. и Б.Г., кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

М.Ц.(34) од Скопје вчера во 17.00 часот во СВР Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба, по претходно нерасчистени имотно - правни односи, бил физички нападнат од Н.А.(36) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Скопје вчера во 22.10 часот било пријавено дека на подрачјето на Чаир бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Т.(44) и 16-годишник од една страна и С.Т.(34) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред казино на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, А.Б.(36) од Скопје бил нападнат од две лица, од кои едното употребило стаклен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Е.Ј.(30) од село Љуботен, скопско, вчера во 15.30 часот во СВР Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Н.С.(65) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
Ш.И.(66) од Скопје вчера во 14.20 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 14.00 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од Ш.А.(29) од Скопје и уште четири други лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ш.Ш. од Скопје вчера во 21.47 часот во СВР Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба, едно машко лице со огнено оружје му се заканувало на неговиот 16-годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Т.К.(34) од Скопје вчера во 16.30 часот во СВР Скопје пријавил дека на бул. „Јане Сандански“ во Скопје, додека управувал велосипед, бил удрен од електричен тротинет, по што лицето кое го управувало тротинетот го напуштило местото на настанот. Т.К. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера околу 14.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“, удрило во велосипед, управуван од А.А.(55) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во незгодата со телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Д.С.(23) од Скопје вчера во 14.00 часот во Полициската станица Бит Пазар пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Ж.Е.(21). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

А.И.(30) од Чашка вчера во 13.00 часот во СВР Велес пријавила дека на улица „Коста Кирков“ во Чашка била касната од куче скитник.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 19.10.2024 во Скопје, пријавениот и уште други две лица извршиле кражба во објект, а откако биле затекнати од сопствениците, физички ги нападнале и побегнале.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 30.11.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштоли за светлосно звучна сигнализација и куршуми различен калибар.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Б.(25) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.05.2024 во Кавадарци, полициски службеници извршиле преглед кај пријавената, при што биле  пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.Џ.(43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во периодот од 22.10.2024 до 30.10.2024 во Прилеп, пријавениот со туѓа платежна картичка направил повеќе трансакции на различни продажни места и се стекнал со противправна имотна корист во износ од 25.972 денари.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ш.(54) од село Седларево, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности’’. Во текот на 2024 година, пријавениот изградил куќа во село Прељубиште, тетовско, без да поседува соодветна документација издадена од надлежен орган.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од село Сушица, гостиварско и Д.П. од Гостивар, сопственик и управител  на правното лице, поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Од 10.02.2025 до 20.02.2025, пријавениот Д.П. заземал туѓа недвижност, бесправно поставил и паркирал пет тешки товарни возила и четири патнички возила, со што го попречувал изведувањето на нормалните градежни работи. Со ваквите дејствија пријавениот му нанел материјална штета на Јавното претпријатие Државни патишта на РСМ во износ од 18.634.559 денари.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.А.(44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и „фалсификување на исправа“. Во текот на 2024 година, пријавениот довел и држел во заблуда едно лице од село Чегране, на тој начин што со лажно прикажување и прикривање на факти го убедил дека ќе му посредува во издавање на оригинални документи, патна исправа и лична карта од странска земја, за што лицето му дало 5.000 евра, а пријавениот преправил вистински исправи и му ги приложил на оштетениот како оригинал. На 14.11.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени возачка дозвола и лична карта од Италија и дозвола за престој од Швајцарија.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(31) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 27.02.2025 во Кичево, пријавениот упатувал закани на малолетник од Кичево.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.В.(30) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 04.01.2025, пријавениот во семејниот домот физички ги нападнал неговата мајка и сестра.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ш.(66) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 25.02.2025, пријавениот во домот во Струга физички ја нападнал неговата сопруга.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Ј.(39) и З.Ѓ.(49), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 08.10.2024 во Тетово, пријавените физички нападнале едно лице од Тетово. вј/

Фото: МИА архива 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR