Седум Палестинци загинаа во израелска рација на Западниот Брег
- Седум Палестинци беа убиени денеска во напад на израелската војска во градот Џенин на окупираниот Западен Брег.
Рамала, 5 јули 2024 (МИА) - Седум Палестинци беа убиени денеска во напад на израелската војска во градот Џенин на окупираниот Западен Брег.
Израелската армија соопшти дека нејзините сили опколиле зграда во која екстремистите се забарикадирале и дека израелски авиони погодиле цели во областа.
Палестинските медиуми објавија дека воени возила опколиле куќа во бегалскиот камп Џенин и дека од Палестинците во неа било побарано да се предадат.
Во рацијата биле употребени ракетни фрлачи и беспилотно летало што ја погодило куќата.
Претходните извештаи наведуваа дека загинале пет Палестинци, но бројот на жртвите бил зголемен. мс/
фото: МИА архива