СДСМ: Како тоа има пари за авиони за владата, а нема пари за 500 евра минимална плата?
- СООПШТЕНИЕ -

Скопје, 5 февруари 2025
Мицкоски ја прокоцка и последна шанса да покаже минимум почит кон граѓаните и трудот на работниците кои живеат многу тешко и едвај врзуваат крај со кај.
Денеска и дефинитивно Мицкоски потврди дека е против зголемивање на минималната платаза работниците и дека власта на ДПМНЕ нема да преземе ништо за да се покачат платите.
Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека илјадници работници живеат во сиромаштија, владата на ДПМНЕ има пари за авиони и привилегии за функционерите, но не и за зголемување на минималната плата.
Денеска, Мицкоски дефинитивно потврди дека е против раст на платите и против достоинствен живот на работниците. Со тоа, уште еднаш покажа дека ДПМНЕ нема никаква намера да ги поддржи работниците, туку исклучиво да се грижи за елитата.
Како тоа има пари за авиони за владата а нема пари за 500 евра минимална плата?
Како е можно од најголемиот буџет во историјата од 6 милијарди евра да нема пари за поголеми плати на работниците?
Додека економската состојба во државата драстично се влошува и животниот стандард паѓа, Мицкоски останува рамнодушен и мува не го лази.
Растот на минималната плата не е само економска неопходност, туку морална обврска!
Покачувањето на платите е единствениот начин да се спречи понатамошното осиромашување на граѓаните и да се овозможи економски напредок.
СДСМ стои на страна на граѓанитеи на работниците. Затоа, најавуваме поднесување на закон за зголемување на платите и минималната плата на 500 евра. Работниците заслужуваат достоинствена плата и сигурна иднина.
СДСМ
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото МИА архива