СДСМ: Дебакл на мерките на владата, синдикалната кошничка покачена за 521 денар
- СООПШТЕНИЕ: Последните објавени податоци покажуваат дека минималната синдикална кошничка за месец февруари е зголемена за 521 денари и достигна 63.773 денари.

Скопје, 20 февруари 2025
Целосен дебакл на мерките на Владата и економските политики на Мицкоски и ДПМНЕ.
Последните објавени податоци покажуваат дека минималната синдикална кошничка за месец февруари е зголемена за 521 денари и достигна 63.773 денари.
На едно четиричлено семејство му се потребни намјалки 64.000 денари месечно само за основните потреби, додека просечната плата во државата е значително пониска и стагнира.
Овие податоци јасно покажуваат дека владините мерки и економски политики се тотално промашени.
Граѓаните имаат се помалку пари во своите џебови и едвај врзуваат крај со крај.
Животниот стандард се влошува.
Наместо да обезбеди реални решенија и да го заштити животниот стандард на граѓаните, владата го остава народот сам да се бори со огромната скапотија.
СДСМ бара итно преземање на следниве чекори:
-Укинување на ДДВ за храна.
-Намалување на ДДВ за струја на 5%.
-Примена на Законот за нефер трговски практики за намалување на цените до 30%.
-Зголемување на минималната плата на 500 евра.
Потребно е усогласување на платите со растечките трошоци за живот, за да се обезбеди достоинствен живот за сите граѓани.
СДСМ останува посветен на борбата за подобар животен стандард и ќе продолжи да предлага конкретни решенија за надминување на економската криза.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.