Свирежи до Владата и Собранието, 16-минутен молк за жртвите од трагедијата во Кочани
- „Правда“, „Убијци“, „Не се плашиме“, „Уа профитери“, „Одговорност“, „Нема правда, нема мир“, „Ние сме системот“, „Цела Влада оставка“, се само некои од пораките што вечерва ги упатија учесниците на протестот за настраданите во пожарот во Кочани, кои веќе пристигнаа пред Владата.
- Post By Мирјана Чакарова
- 20:34, 24 mars, 2025

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - „Правда“, „Убијци“, „Не се плашиме“, „Уа профитери“, „Одговорност“, „Нема правда, нема мир“, „Ние сме системот“, „Цела Влада оставка“, се само некои од пораките што вечерва ги упатија учесниците на протестот за настраданите во пожарот во Кочани, кои веќе пристигнаа пред Владата.
Во тек е 16-минутно молчење со кое им се оддава почит на жртвите по што се најавени и говори на дел од учесниците.
Протестот го организира граѓанското движење „Кој е следен?“, а почна од плоштадот „Македонија“. Учесниците потоа се упатија кон Собранието, од каде стигнаа пред Владата. мч/аа/
Фото: МИА