• e shtunë, 04 maj 2024

Сајкоски: Време е Струга да биде подобро место за живеење

Сајкоски: Време е Струга да биде подобро место за живеење

Струга, 21 април 2024 (МИА) - Време е Струга да биде подобро место за живеење, да добие подобра инфраструктура, како и дислоцирање на депонијата што ја загадува општината, вети носителот на листа во изборната единица 5 од ВМРО - ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски.

При денешната посета на Струга, тој посочи дека подобра инфраструктура ќе добијат и сите населени места во општината.

- На таков начин ќе направиме да бидете горди и вие како стружани, да биде горда и Македонија. Без разлика од која националност доаѓате, без разлика дали Албанци, Турци, Власи, Роми, Македонци, да се обединиме сите во борбата за подобар живот. Да се обединиме сите во желбата за носење на нови инвестиции, да направиме подобра инфраструктура што ќе го поврзува булеварски Враништа, но да направиме и за Драслајца, да направиме и за Лабуништа, да направиме подобро за цела Струга, изјави Сајкоски.

Според него, стружани заслужуваат подобра инфраструктура и подобри услови за живот. сс/са/

Фото ВМРО - ДПМНЕ

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR