• e hënë, 31 mars 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

САД го повикаа претседателот на Јужен Судан, Салва Кир да го ослободи потпретседателот Рик Мачар

САД го повикаа претседателот на Јужен Судан, Салва Кир да го ослободи потпретседателот Рик Мачар

Џуба, 27 март 2025 (МИА) - СAД го повикаа претседателот на Јужен Судан, Салва Кир да го ослободи неговиот ривал, првиот потпретседател Рик Мачар, кој, според извештаите, е ставен во домашен притвор.

Според соопштението на партијата СПЛМ-ИО на Мачар, министерот за одбрана и началникот на националната безбедност вчера насилно влегле во неговата резиденција и му врачиле налог за апсење.

Мачар, кој моментално е дома со сопругата и двајцата телохранители, е обвинет за вмешаност во судирите меѓу армијата и милицијата позната како Бела армија во областа Насир во државата Горен Нил овој месец.

„Загрижени сме од извештаите дека првиот потпретседател на Јужен Судан, Рик Мачар е ставен во домашен притвор. Го повикуваме претседателот Кир да ја повлече оваа одлука и да спречи понатамошно влошување на ситуацијата“, се вели во соопштението на американското биро за африкански прашања објавено на Икс.

Обединетите нации предупредија дека неодамнешните судири во Насир и порастот на говорот на омраза може повторно да го разгорат етнички мотивираниот конфликт.

Партијата на Мачар негира каква било поврзаност со Белата армија. рп/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR