• e enjte, 03 korrik 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тројца загинати и повеќе од 10 повредени во експлозија на гас во џамија во Узбекистан

Тројца загинати и повеќе од 10 повредени во експлозија на гас во џамија во Узбекистан

Ташкент, 31 март 2025 (МИА) - Три лица загинаа денеска, а повеќе од 10 се повредени во експлозија на гас во џамија во регионот Андијан во источен Узбекистан, соопшти Министерство за вонредни ситуации на таа земја.

Во соопштението се наведува дека експлозијата се случила во тоалетот во џамијата, оштетени се ѕидовите, но дека не е предизвикан пожар. Се наведува дека истрагата е во тек.

На местото на експлозијата пристигнале спасувачките служби, противпожарните екипи и локалните власти. рп/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR