• e enjte, 24 tetor 2024

Руската Дума го ратификува договорот за партнерство со Северна Кореја

Руската Дума го ратификува договорот за партнерство со Северна Кореја

Москва, 24 октомври 2024 (МИА) - Долниот дом на рускиот Парламент, Државната дума, денеска го ратификуваше договорот за партнерство меѓу Русија и Северна Кореја.

Според документот, доколку една од страните биде подложена на вооружен напад, другата веднаш ќе и пружи воена и друга помош.

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го потпишаа пактот за време на посетата на Путин на Пјонгјанг во јуни.

Русија и Северна Кореја ја зајакнаа соработката од почетокот на војната во Украина, а Јужна Кореја и Украина изјавија дека се подготвува распоредување на севернокорејски трупи за поддршка на руската страна. паг/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR