• e enjte, 03 tetor 2024

Русија тврди дека во украински напад загинале четири лица во Белгородската област

Русија тврди дека во украински напад загинале четири лица во Белгородската област

Москва, 3 октомври 2024 (МИА) - Русија соопшти дека најмалку четири лица загинале, а 24 се повредени за време на украински ракетен напад во пограничната област Белгород, пренесува Анадолија.

„Синоќа беше ужасен ден за целата област Белгород. Четири цивили загинаа во агресијата на украинските вооружени сили, а 24 цивили се повредени“, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков во видео обраќање објавено на Телеграм.

Министерството за одбрана на Русија тврди дека противвоздушната одбрана успеала да собори 113 украински дронови во текот на ноќта, од кои 73 биле пресретнати над Белгородската област.

Украинските власти засега не ги коментираа овие тврдења. ссм/

фото: архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR