• e enjte, 09 janar 2025

Регистрацијата на гласачите за албанската дијаспора за парламентарните избори почнува в сабота

Регистрацијата на гласачите за албанската дијаспора за парламентарните избори почнува в сабота

Тирана, 9 јануари 2025 (МИА) - Регистрацијата на гласачите за албанската дијаспора за учество на парламентарните избори на 11 мај официјално ќе започне в сабота.

За оваа категорија, Централната изборна комисија на својата веб-страница ќе вклучи посебна опција која им овозможува на сите Албанци кои живеат во странство да се регистрираат преку компјутер или мобилен телефон.

Се што им треба е албанска лична карта и адреса во странство.

Платформата ќе остане отворена за регистрација до 6 март. 

Со измените и дополнувањата на изборниот законик за првпат албанската дијаспора ќе може да гласа на претстојните 11. по ред парламентарни избори. вт/

QËNDRONI TË LIDHUR