• e premte, 10 janar 2025

Премиерот на Гренланд повика на смиреност по коментарите на Трамп

Премиерот на Гренланд повика на смиреност по коментарите на Трамп

Нук, 9 јануари 2025 (МИА) – Премиерот на Гренланд Муте Егеде, кој се залага за негова независност, денеска изјави дека Гренланд мора да остане обединет откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, најави дека сака да ја преземе контролата врз територијата, која е дел од Данска.

Во изјава за гренландскиот весник Сермициак, Егеде ги повика жителите на Гренланд да не паничат, откако интересот на Доналд Трамп да ја преземе контролата врз територијата го фрли во геополитичка битка меѓу САД и Данска, објави Гардијан.

Неговата влада синоќа издаде соопштение во кое го повтори правото на Гренланд на самоопределување, додавајќи дека „со нетрпение очекува да воспостави контакт“ со администрацијата на Трамп. јт/

QËNDRONI TË LIDHUR