• e premte, 10 janar 2025

Педесет тони европска помош пристигнаа во Сирија

Педесет тони европска помош пристигнаа во Сирија

Истанбул, 9 јануари 2025 (МИА) – Педесет тони медицинска помош, финансирана од Европската унија и координирана од Светската здравствена организација, пристигна денеска од Турција во северна Сирија, соопшти СЗО.

Медицински материјали, комплети за итна хирургија и основни лекови влегоа преку граничен премин во јужна Турција, на околу 50 километри од Алепо во северозападна Сирија.

Тоа е прва пратка европска помош од овој вид по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад на 8 декември.

- Планирана е уште една тура помош за февруари, рече портпаролот на СЗО, Мриналини Сантанам, прецизирајќи дека втората пратка е „сè уште во фаза на планирање“, бидејќи треба да се одреди обемот и видот на помошта што треба да се дистрибуира до здравствените центри во областа на Алепо.

Целта е да се поддржи сирискиот здравствен систем, кој е исцрпен по 13 години војна.

СЗО кон крајот на декември соопшти дека речиси половина од болниците во Сирија не функционираат. јт/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR