Протест пред израелската амбасада во Атина поради блокадата на едрилицата „Медлин“
- Со слоганите „Слобода за Палестина“; „Убијци“; „Не за окупација“ и со палестински знамиња вечерва се одржа масовен и мирен протест пред амбасадата на Израел во Атина, поради блокадата на едрилицата „Медлин“ и апсењето на активистите, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 9 јуни 2025 (МИА) – Со слоганите „Слобода за Палестина“; „Убијци“; „Не за окупација“ и со палестински знамиња вечерва се одржа масовен и мирен протест пред амбасадата на Израел во Атина, поради блокадата на едрилицата „Медлин“ и апсењето на активистите, јави дописничката на МИА од Атина.

Протестот беше организирам од здруженија и организации а со цел, како што рекоа, да упатат порака дека „ништо не ги плаши“ и да побараат Израел веднаш да ги ослободи активистите.

Дополнително, демонстрантите побараа од грчката Влада да прекине секакви односи со Израел.

Неофицијално, според информации од грчката полиција на протестот учествуваа околу 2.000 лица.

На собирот присутна беше и лидерката на левичарската Курс на слобода, Зои Констандопулу, партијата која според истражувањата на јавното мислење е втора политичка сила во Грција.

Амбасадата на Израел во северниот дел на Атина беше под силно полициско обезбедување. ср/
Фото: МИА