Прилеп ја продолжува соработката со Европската Унија за проекти за развојот на градот
- Продолжува соработката на Прилеп со Европската Унија преку проекти кои ќе му обезбедат развој на градот, беше констатирано при денешната средба на амбасадорот на Европската унија во земјава, Микалис Рокас со прилепските градски власти.
Прилеп, 25 февруари 2026 (МИА) Продолжува соработката на Прилеп со Европската Унија преку проекти кои ќе му обезбедат развој на градот, беше констатирано при денешната средба на амбасадорот на Европската унија во земјава, Микалис Рокас со прилепските градски власти.

Според прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски, градот развива инфраструктурни проекти финансирани од Унијата и има резултати.
-Досега соработувавме во неколку големи проекти, меѓу кои се Пречистителната станица во Прилеп, образовните програми Еразмус+, сега сме во фаза на соработка преку проектот „Аквана“ со сериозни средства од околу 700 000 денари, заедно во проектот на меѓународена соработка со соседните држави. Сметам дека граѓаните на Прилеп ќе имаат поквалитетен живот. Прилеп преку проектот на третманот на отпадните води, станува збор за Пречистителната станица, е лидер во земјава во оваа сфера. На почетокот од есента е најавена новата средба со амбасадорот на Европската Унија за да се види до каде е текот на проектите. Амбасадорот Рокас потсети дека има отворен повик за проекти до 10 април и како општинска администрација сериозно работиме на тие проекти за да добиеме што повеќе средства од Европската Унија, изјави по средбата прилепскиот градоначалник Проданоски.

Според евроамбасадорот Микалис Рокас, досегашната соработка со Прилепи Пелагонискиот регион е плодна, а фокусот во иднина ќе биде на Индустриската зона во Прилеп која значи економски развој на градот и на развојот на туризмот.
-Денеска имавме плодна соработка со прилепскиот градоначалник за имплементацијата на проектите од Европската Унија не само во Прилеп, туку и во Пелагонискиот регион. Досега Европската унија има дадено средства во имплементацијата на проекти во животната средина, во изградбата на институции за младите Ќе седнеме да разговараме и со решавањето на цврстиот отпад и со решавањето на дивите депонии. Во иднина ќе разгледаме и прашања кои се со цел како да се развие туризмот во Прилеп кој е општина која многу нуди во оваа сфера. Како амбасадор на Европската Унија ова е моја втора посета во Прилеп и веќе ја планирам наредната посета и веќе размислувамеза многу други можности. Со градоначалникот на Прилеп го потегнавме и прашањето за Индустриската зонакоја е важна за економскиотразвој на Прилеп. Разговаравме и за патната инфраструктура за да се подобри поврзаноста на Прилеп со Регионот, рече евроамбасадорот Микалис Рокас пери денешниот престој во Прилеп. ем/вг/
фото: МИА