Приведени шест лица поради питачење на граничниот премин Табановце
- Полицијата приведе шест лица кои питачеле на граничниот премин Табановце, соопшти денеска СВР Куманово.

Куманово, 24 март 2025 (МИА) - Полицијата приведе шест лица кои питачеле на граничниот премин Табановце, соопшти денеска СВР Куманово.
- Вчера во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово, во соработка со Центарот за социјални работи Куманово, при питачење на граничен премин Табановце ги затекнале Т.Џ.(41), Д.М.(33), Е.М.(29), Б.С.(32), А.С.(28) и С.А.(27), сите од Куманово. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Претходната недела беше уапсена жена која питачеше на градскиот плоштад во Куманово. ам/са/
Фото: МИА архива