Без вода дел од селата Орман и Никиштани
- Без вода денеска од 11:45 часот се дел од жителите на селата Орман и Никиштани во Општина Ѓорче Петров.

Скопје, 29 март 2025 (МИА) - Без вода денеска од 11:45 часот се дел од жителите на селата Орман и Никиштани во Општина Ѓорче Петров.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен дефект Ф-100 милиметри на улица „1“ број 4 во село Орман.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. мд/мч/
Фото: МИА архива