Приведени осум возачи за безобѕирно управување возило, двајца од нив предизвикале сообраќајни незгоди
- Од МВР апелираа да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.
- Post By Блаже Дарудов
- 16:19, 10 mars, 2026
Скопје, 10 март 2026 (МИА) - Осум возачи биле приведени за безобѕирно управување возило, двајца од нив предизвикале сообраќајни незгоди, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Вчера на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи, од кои пет на подрачјето на СВР - Битола, еден на подрачје на СВР - Струмица и двајца на подрачје на СВР - Охрид. Тројца од лишените на подрачје на СВР - Битола управувале возило без возаччка дозвола, еден под дејство на алкохол, додека еден управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода. Возачот на подрачјето на СВР - Струмица, исто така, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода. Еден од лишените возачи на подрачје на СВР - Охрид управувал возило и покрај тоа што има забрана, а другиот управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопштија од МВР.
Оттаму апелираа да се почитуваат сообраќајните правила и прописи. бд/сст/
Фото: Фејсбук-страница на Министерството за внатрешни работи