• e shtunë, 21 dhjetor 2024

Претставничкиот дом на САД изгласа закон со што се избегна блокада на владата

Претставничкиот дом на САД изгласа закон со што се избегна блокада на владата

Вашингтон, 21 декември 2024 (МИА) Претставнички дом на американскиот Конгрес синоќа усвои ревидиран закон за да се избегне затворање на владата, при што се обезбедија и над 100 милијарди долари помош во случај на катастрофи и пари за развој на земјоделството.

Мерката беше усвоена само неколку часа пред крајниот рок на полноќ и потоа испратена на одобрување во Сенатот. Се гласаше речиси едногласно со 366 гласа „за“ и 34 „против“

 

Ова беше трет обид неделава на спикерот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, да бара поддршка од демократите, и покрај незадовослтвото  што претходниот двопартиски договор беше отфрлен.

 

-Во салата постои едногласен договор дека треба да се продолжи понатаму, изјави Џонсон синоќа по состанокот со републиканците, законодавци во Претставничкиот дом. „Нема да има затворање на владата,“ додаде тој.

 

Предлогот одобрен синоќа го продолжува финансирањето на владата до 14 март. Истовремено, се обезбедуваат над 100 милијарди долари помош при катастрофи и десет милијарди долари економска помош за земјоделците што ќе обезбеди продолжување на земјоделскиот закон за една година. На овој закон се заснова политиката за храна и земјоделие на САД.

 

Пратениците од Републиканската партија ветија дека следната година ќе го зголемат долгот и ќе ги намалат трошоците. Избраниот претседател Доналд Трамп претходно побара  законодавците да гласаат за зголемување на границата на задолжување пред тој да ја преземе функцијата, но тоа сега не се случи.

Следно е документот да биде одобрен и од Сенатот, кој е под контрола на демократите, и за да стане закон треба да биде потпишан од претседателот Џо Бајден. кб/

QËNDRONI TË LIDHUR