• e diel, 22 dhjetor 2024

Во судар на камион и патнички автобус во Бразил загинаа 22 лица

Во судар на камион и патнички автобус во Бразил загинаа 22 лица

Сао Паоло, 21 декември 2024 (МИА) - Најмалку 22 лица загинаа во судар меѓу камион и автобус утринава на автопат во југоисточната бразилска држава Минас Жераис.

Државната противпожарна заштита, чии службеници пристигнале на местото на несреќата, соопшти дека 13 лица се пренесени во болница во градот Теофило Отони. Автобусот наводно тргнал од Сао Паоло и превезувал 45 патници.

Властите соопштија дека на возилото му пукнало гума, по што возачот изгубил контрола и удрил во камион. Во автобусот се судрил и автомобил со тројца патници, но сите тројца преживеале.

Спасувачките екипи работат на местото на несреќата и продолжуваат да извлекуваат жртви, изјави претставник на противпожарната служба. мс/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR