• e shtunë, 29 qershor 2024

Претставници на Македонците демонстративно ја напуштиле презентацијата на пописните резултати во Тирана, поради несоодветно напишаната етничка припадност

Претставници на Македонците демонстративно ја напуштиле презентацијата на пописните резултати во Тирана, поради несоодветно напишаната етничка припадност

Тирана, 28 јуни 2024 (МИА) - Претставникот на македонската амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу и членот на Комитетот за малцинства, Марјана Косотофски, денеска на презентирањето на пописните резултати, демонстративно ја напуштиле салата.

Тоа откако не им бил даден одговор на прашањето зошто на прегледот за бројот на малцинствата за сите стои она што се, само за македонското стои име на државата Северна Македонија, на албански јазик и „Северно Македонци“ на англиски јазик.

Според претставници на Македонците кои биле присутни на презентацијата директорката на ИНСТАТ на забелешката рекла дека е тоа име на државата, но на дополнителната забелешката дека сите малцинства имаат матична држава, а се напишани она што се модераторот не дозволил одговор, по што претставниците Спахиу и Костофски демонстративно ја напуштиле салата.

Претставниците на Македонците дополнително за МИА информираа дека се очекува Амбасадата да реагира до Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, а како известување допис да биде доставен до сите амбасади и мисии во Тирана. вт/аа/

Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR