• e shtunë, 29 qershor 2024
МИА Најави МКД

29 јуни 2024 

Скопје – Затворање на прославата по повод 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје со улично дефиле и претставата „Сонот на Ербер“ на театарската група Кидам, по што ќе биде прикажан и видео-мапинг на македонскиот визуелен уметник Емил Петро насловен „Франција во светлина“. (почетно место Музеј на град Скопје, низ ул. „Македонија“, преку Камениот мост до плоштадот „Карпошово востание/ 21:00)

Скопје – Концерт на танцовата група „Пријатели на Израел“ од Хрватска на „Скопско лето“. (на платото пред Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија/ 20:30)

Демир Хисар (с. Слоештица) – Отворено студио во рамки на меѓународната уметничка колонија АРТ ПОИНТ – Гумно: „Слоештица – име за цел еден свет“. (Слоештица/ 18:00 – 21:00)

Демир Хисар – Канонизација на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско-Скадарска. (вечерна литургија во Слепченскиот манастир „Свети Јован Претеча“/ 17:00)

Скопје – Трето издание на манифестација CRUISE CULT – The Art of the motorcycle 2024. (Парк на Франкофонијта – Мобил/Монтажна галерија/ 12:00 – 17:00)

Дојран – Втор ден од 14. издание на Д Фестивал.

Скопје -Манифестација „Семеен ден“ во рамки на Културното лето на Општина Кисела Вода. (парк "Македонија", до Домот на култура „Билјана Беличанец"/10:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

QËNDRONI TË LIDHUR