Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, приведено едно лице
- Полициски службеници од СВР Охрид и од Одделот за крим полиција-Сектор за општ и насилен криминал при МВР, по претходно издадена судска наредба, денеска извршија три претреси во Охрид и од слобода лишија едно лице од Охрид.
Скопје, 29 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Охрид и од Одделот за крим полиција-Сектор за општ и насилен криминал при МВР, по претходно издадена судска наредба, денеска извршија три претреси во Охрид и од слобода лишија едно лице од Охрид.
МВР соопшти дека претресите се извршени поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик и кривично дело „изнуда“ по член 258 од КЗ.
Се преземаат и дополнителни мерки и активности во координација со јавен обвинител, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави. цр/
Фото: МИА архива