• e martë, 18 mars 2025

Почит од битолчани за загинатите врсници од Кочани

Почит од битолчани за загинатите врсници од Кочани

Битола, 17 март 2025 (МИА) - Средношколци и студенти од Битола, со свеќа и цвеќе врака, на плоштадот Магнолија оддадоа почит на трагично загинатите врсници од Кочани.

Пораките од младите битолчани се искажаа со транспаренти на кои пишува -,,За туѓи бели дворови, копај си црни гробови", ,,Не умираме од несреќи, умираме од корупција", ,,Врските убиваат!", ,,Последна почит за ангелите од Кочани", ,,Ако утре ме нема ејј", ,,Ќе немаше толку крв, да беше се по закон", ,,Светлината на младите не смее да згасне толку рано"... мт/сст/

 

Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR