• e enjte, 09 janar 2025

Потпретседателката на Барселона за Олмо: Неправедно сме критикувани, луѓето не знаат каков е случајот

Потпретседателката на Барселона за Олмо: Неправедно сме критикувани, луѓето не знаат каков е случајот

Барселона, 8 јануари 2025 (МИА) - Потпретседателката на Барселона, Елена Форт призна дека до сега клубот нема добиено официјален одговор од Комисијата за спорт при Министерскиот совет во врска со жалбата за одбиената регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор од Ла Лига и Кралската шпанска фудбалска федерација. 

Сепак, таа ја потврди цврстата доверба на управата на Каталонците дека двајцата играчи на крајот ќе добијат картони.

-Ние сме убедени во нашата исправност. Дали ова ќе биде некаков хипотетички крај на ситуацијата? Зависи од тоа кога ќе добиеме одговор, но сакаме тоа да се случи денес. Сите коментираат дека имало рок, но тоа не е така и обвинувањата што ни се упатуваат се неправедни бидејќи овие луѓе немаат вистинска претстава што точно се случило. Барселона исполни сè што требаше. Од првиот момент кога дојдовме во Барселона и до сега со сите играчи со кои потпишавме, се е исполнето според сите правила. Барселона е многу силен тим и Управниот одбор врши одлична работа. Оние кои нè критикуваат имаат интерес да извлечат некои лични придобивки, рече Форт. дс

Фото: Принтскрин

QËNDRONI TË LIDHUR