Поради дефект на мрежата, речиси цело Порторико во мрак
- Околу 90 отсто од потрошувачите во Порторико денеска немаат струја поради дефект на електричната мрежа, соопшти компанијата за дистрибуција на енергија „Лума Енерџи“.
Сан Хуан, 31 декември 2024 (МИА) - Околу 90 отсто од потрошувачите во Порторико денеска немаат струја поради дефект на електричната мрежа, соопшти компанијата за дистрибуција на енергија „Лума Енерџи“.
Сè уште не е познато што го предизвикало дефектот, но локалните медиуми известуваат дека ланчаниот прекин на енергијата започнал во провинцијата Гвајанила на јужниот брег на островот.
Портпаролот на компанијата изјави дека засега нема проценка кога може да се очекува враќање на електричната енергија. Според официјалната веб-страница на компанијата, моментално функционира само една резервна постројка за производство на електрична енергија. ссм/
фото: архива