• e enjte, 20 shkurt 2025

Полскиот претседател доби гаранција од САД дека нема да го намали военото присуство

Полскиот претседател доби гаранција од САД дека нема да го намали военото присуство

Варшава, 18 февруари 2025 (МИА) – Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека добил „гаранции“ од САД дека не размислуваат за намалување на присуството на нивните сили во регионот, по состанокот со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.

- Добивме уверување дека нема апсолутно никаква американска намера да се намали активноста овде во нашиот дел од Европа, особено во безбедносната сфера, да се намали бројот на американските сили, изјави Дуда, кој важи за поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе Бета.

- Уште еднаш, нема страв дека САД ќе го намалат своето присуство во нашата земја, додаде Дуда, кој побара од своите сонародници „да останат мирни“ во однос на американската политика во регионот.

Полска, сојузник и сосед на Украина, беше последната станица на патувањето на Келог во Киев, каде што треба да пристигне утре.

Неговата посета на Варшава дојде откако високи американски претставници се сретнаа со руските преговарачи во Саудиска Арабија за првпат откако Трамп ги изненади сојузниците на Вашингтон со тоа што се согласи да почне разговори со неговиот руски колега Владимир Путин. јт/

Фото: Фејсбук страница на Дуда

QËNDRONI TË LIDHUR