• e premte, 27 dhjetor 2024

Полицијата пристигнува во зградата на РТВ во Нови Сад во пресрет на денешниот студентски протест

Полицијата пристигнува во зградата на РТВ во Нови Сад во пресрет на денешниот студентски протест

Нови Сад, 27 декември 2024 (МИА) - Припадници на полциијата се во зградата на Радио телевизијата Војводина (РТВ) во Нови Сад поради најавен студентски протест, потврдија за агенцијата Бета вработени во медиумот.
На видео снимката доставена до Бета се гледа како полицијата влегува во зградата на јавниот медиумски сервис со опрема за разбивање демонстрации.

Студентите од Нови Сад денеска во 11:52 часот ги повикаа колегите, професорите и граѓаните да се соберат пред зградата на РТВ во тој град.

Студентите изјавија дека на овој начин сакаат да ги поддржат вработените во РТВ кои секој петок излегуваат по 15 минути во спомен на 15-те жртви од трагедијата во Нови Сад и кои бараат разрешување на главниот уредник на Првата програма. на РТВ, Ненад Чаќиќ.

Додаваат дека целта им е да им го вратат на граѓаните покраинскиот јавен медиумски сервис.

Три синдикати покренаа петиција за разрешување на Ненад Чаќиќ, бидејќи тој „директно го нарушува јавниот интерес, како и Законот за јавни медиумски услуги, со својата пропагандна и прорежимска уредувачка политика. "

Петицијата ќе биде испратена до Управниот одбор на РТВ чија надлежност е, соопштија синдикатите. зш/

QËNDRONI TË LIDHUR