• e hënë, 06 janar 2025

Политичката криза во Јужна Кореја се продлабочува по обидот за апсење на сменетиот претседател Јун Сук-јеол

Политичката криза во Јужна Кореја се продлабочува по обидот за апсење на сменетиот претседател Јун Сук-јеол

Сеул, 4 јануари 2025 (МИА) - Илјадници Јужнокорејци денеска се очекува да излезат на протести во Сеул во услови на сè подлабока политичка криза по неуспешниот обид за апсење на сменетиот претседател Јун Сук-јеол, обвинет за „бунт“ поради обидот да воведе воена состојба на почетокот на декември.

Во центарот на градот, близу главниот плоштад и пред домот на Јун, се најавени собири на неговите противници и на неговите поддржувачи.

Вчера, околу 200 војници и припадници на безбедносните служби ги блокираа обидите за негово апсење, а операцијата траеше шест часа.

Истражните служби имаат рок до понеделник да ја извршат наредбата за апсење, додека Уставниот суд на 14 јануари ќе го започне процесот за потврдување или одбивање на импичментот на Јун. ссм/

фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR