• e hënë, 06 janar 2025

Покрената истражна постапка против 23-годишник за полови дејства врз малолетник

Покрената истражна постапка против 23-годишник за полови дејства врз малолетник

Скопје, 4 јануари 2025 (МИА) - Истражна постапка е покрената против 23-годишник кој се сомничи дека во Желино извршил полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години што е кривично дело казниво согласно член 188 став 5 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово по барање на јавниот обвинител му определил мерка притвор од 30 дена.

Од државното Јавно обвинителство денеска информираа дека осомничениот, на 2 јануари во вечерните часови, го запрел 11-годишното дете и на сила го одвлекол во објект во изградба во близина на неговиот дом во Желино, по што почнал пред него да врши други полови дејствија. Детето повикало помош, но осомничениот не му дозволувал да замине, се додека повиците не ги слушнал таткото на детето и му се спротивставил, по што осомничениот се дал во бегство. бак/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR