Отповикана српската амбасадорка во Хрватска, Драган Шутановац нов амбасадор на Србија во САД
- Со указ на претседателот на Србија е отповиката Јелена Милиќ од функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Србија во Хрватска, јави МИА од Белград.
- Post By Златко Шумковски
- 10:59, 25 mars, 2025

Белград, 25 март 2025 (МИА) - Со указ на претседателот на Србија е отповиката Јелена Милиќ од функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Србија во Хрватска, јави МИА од Белград.
Во исто време, Александар Вучиќ го назначи Драган Шутановац за вонреден и ополномоштен амбасадор на Србија во САД, Иво Војводиќ за вонреден и ополномоштен амбасадор во Словенија, Милан Равиќ во Бугарија и Давор Тркуљ во Етиопија.
Указите на Вучиќ денеска се објавени во Службен весник на Република Србија, што значи дека од утре стапуваат во сила.
Јелена Милиќ беше назначена на функцијата амбасадорка во Хрватска во март 2022 година. зш/
фото Википедија