Осум милиони денари за подобрувањена патната инфраструктура во Општина Зрновци
- Општина Зрновци обезбеди осум милиони денари со кои ќе се реализираат три проекти, значајни за подобрување на патната инфраструктура во најмалата општини во државата.
Кочани, 27 јули 2025 (МИА) - Општина Зрновци обезбеди осум милиони денари со кои ќе се реализираат три проекти, значајни за подобрување на патната инфраструктура во најмалата општини во државата.
Со вие средства ќе се изврши целосна реконструкција на улиците „Илија Танев“ и „Димчо Петров“ во селото Мородвис, а Видовиште ќе добие два нови локални патишта, едниот ќе го поврзува селото со локацијата каде што е подигнат Крстот, другиот со селските гробиштата.
- Овие проекти се од огромно значење за локалната заедница, бидејќи директно влијаат на квалитетот на животот на жителите, овозможуваат подобра поврзаност, зголемена безбедност и долгорочен локален развој. Станува збор за инвестиции кои жителите ги очекувале со децении, нагласи градоначалникот на Општина Кочани, Борчо Коцев.

Осумте милиони денари се добиени од Министерството за транспорт, а со реализацијата на проектите на терен ќе се започне откако ќе биде извршен избор на изведувач на работите.ис/вј/
Фото: МИА