• e martë, 25 mars 2025

Општина Гевгелија ќе донира 1,5 милиони денари, а Дојран половина милион денари за настраданите во Кочани

Општина Гевгелија ќе донира 1,5 милиони денари, а Дојран половина милион денари за настраданите во Кочани

Гевгелија/Дојран 25 март 2025 (МИА) - Општина Гевгелија ќе донира 1,5 милиони денари од буџетот за 2025 година за настраданите во пожарот во Кочани. Одлуката за финансиска помош едногласно ја донесе Советот на Општина Гевгелија на вондредната седница, на предлог на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.

Членовите на Советот на Општина Гевгелија со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите во пожарот што се случи на 16 март, во дискотеката во Кочани.

- Tажен е поводот за одржувањето на оваа вонредна седница. Не постојат зборови со кои може да се изрази сочувство за згаснатите млади животи, не постојат зборови на утеха на нивните најблиски. Вечен покој и спомен на настраданите, а Бог да им даде сила на семејствата да го пребродат овој тежок момент, се истакнува во пренесената изјава на општинската страница на претседателот на Советот на Општина Гевгелија, Ѓорѓе Попов.

И Советот на Општина Дојран на вчерашната вонредна седница едногласно донесе одлуката за доделување парични средства во висина од 500.000 денари на семејствата на настраданите и повредените од трагичниот настан во Кочани.рт/сст/

Фото: Општина Гевгелија

QËNDRONI TË LIDHUR