Од понеделник оперативни средствата од унгарскиот заем за компаниите
- -Би сакал уште еднаш да повторам дека имаме кредитна линија која ќе биде до три години грејс период и до 15 години рок на отплата со каматна стапка од 1,95 проценти. На средба пред некој ден со гувернерката, разговаравме дека моментално пондерираната просечна камата што бизнисот ја користи од комерцијалните банки е околу 4,7 отсто што прв пат можеби е идентична со онаа во Европа. Порано секогаш тука било за два до три проценти повеќе, сега е отприлика идентично како во Европа. Но, ние и на тоа како Влада се обидовме да помогнеме. Мислам дека на овој начин можеме многу да му помогнеме на македонското стопанство со овие 250 милиони евра и минимум 20 проценти сопствено учество, потенцира Мицкоски.
You need to login to view this page