• e mërkurë, 05 shkurt 2025

Од верските календари

Од верските календари

5 февруари 2025 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 јануари.

Денеска е Св. Климент Анкирски.

 
Роден 258 година во градот Анкира од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорече на својот син маченичка смрт и го остави овој свет кога Климент беше на возраст од дванаесет години. Нејзината другарка Софија го зеде Климент во својата куќа како син и го помогна неговото воспитание во христијански дух. Роден 258 година во градот Анкира од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорече на својот син маченичка смрт и го остави овој свет кога Климент беше на возраст од дванаесет години. Нејзината другарка Софија го зеде Климент во својата куќа како син и го помогна неговото воспитание во христијански дух. Климент беше толку прочуен заради неговиот добродетелен живот, што го избраа за епископ Анкирски во дваесеттата година од животот. Во младоста стекна старечка мудрост и со големо воздржание го скроти и го победи своето тело. Се хранеше само со леб и зелје и не јадеше ништо заклано и крвно. Во времето на Диоклецијан беше мачен толку страшно „како никој никогаш од постанокот на светот“. Во маки и затвори помина дваесет и осум години. Го малтретираа и го мачеа единаесет разни мачители. Кога еднаш го удираа по лицето, го плукаа и му ги кршеа забите, му довикна на мачителот Дометијан: „Ми правиш чест Дометијане, а не ме мачиш, зашто вака беше биена устата на мојот Господ Исус Христос и вака Му беа удирани образите, а ти и мене недостојниот со тоа ме удостои“. Кога го доведоа пред царот Диоклецијан во Рим, царот постави на една страна разни орудија за мачење, а на другата подароци, одликувања, облеки, пари - с? што би можел еден цар да дарува, па му рече на Климент да одбере. Христовиот маченик погледна на царевите подароци со презир и ги одбра справите за мачење. Беше неискажливо мачен: парче по парче месо му откинуваа од телото, така што коските му се проѕираа под месото. Најпосле војниците го убија со меч, во 312 година, во црквата во Анкира, додека како архиереј служеше литургија. Чудата што ги изврши Свети Климент немаат број.

Тропар
Вистинската Лоза си Ти, Господи Боже наш, Кој Климента го подигна за слава Твоја и спасение на многумина. Небото и земјата ќе поминат, а величието за неговите и Агатангеловите страдања вера ќе зајакнуваат, кај верните кои нивните молитви ги просат, и Тебе Господи Те прославуваат, Кој таква светлина ни покажа на земјава, која грешникот го привлекува и по нивните молитви свети го спасува.


ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Агата.

Живеела во првата половина на третиот век. Мачеништвото го претрпела за време на владеењето на царот Дечиј во 251 година. Според легендарните податоци потекнувала од богато семејство. Како девојка се заколнала во заветот на невиноста. Кога бил извршен указот на Дечиј против христијаните, некој Квинтијан, знаејќи дека Агата е христијанка, наредил да ја однесат кај некоја жена. Потоа била измачувана, но таа му останала верна на Христос и за верата загинала.

###

QËNDRONI TË LIDHUR