• e hënë, 23 dhjetor 2024

Одермат победи на велеслаломот во Алта Бадија

Одермат победи на велеслаломот во Алта Бадија

 

Алта Бадија, 22 декември 2024 (МИА) – Најдобриот скијач на денешницата, Швајцарецот Марко Одермат триумфираше на денешниот велеслалом од Светскиот куп во алпско скијање во Алта Бадија.

Второто место го освои младиот Французин Тео Ангуено со 85 стотинки заостанување, а место на победничкиот пиедестал имаше и за третопласираниот Норвежанецот Александар Стин Олсен, кој заостана 88 стотинки зад победникот.

Водечката позиција во поредокот во велеслалом ја презеде Одермат со 200 бодови, а Швајцарецот води и во генералниот пласман со 540 бодови. ег

ФОТО: Фејсбук

QËNDRONI TË LIDHUR