Зеленски му ја честиташе победата на Усик
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на својот сонародник Олександр Усик за неговата победа над Британецот Тајсон Фјури и одбраната на светската боксерка титула во тешка категорија во верзиите ВБА, ВБС и ВБО.
- Post By Емил Гашевски
- 13:50, 22 dhjetor, 2024
Киев, 22 декември 2024 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на својот сонародник Олександр Усик за неговата победа над Британецот Тајсон Фјури и одбраната на светската боксерка титула во тешка категорија во верзиите ВБА, ВБС и ВБО.
„Победа! Толку важна и толку неопходна за сите нас сега“, напиша Зеленски на социјалната платформа Телеграм.
„Одбраната на светските титули од страна на Усик покажува дека Украинците не го предале она што е нивно“, додаде Зеленски.
Виталиј Кличко, кој е поранешен светски шампион во тешка категорија, и актуелен градоначалник на Киев, исто така му честиташе на Усик за „достојната и блескава победа“.
Украинецот Олександр Усик ги одбрани титулите светски првак во тешка категорија со едногласна победа над Британецот Тајсон Фјури во реваншот одржан синоќа во Ријад.
По оваа борба, Усик остана непоразен во 23 професионални борби, од кои 14 победи со нокаут. ег
ФОТО: Фејсбук