Обука за претставници на Министерството за внатрешни работи за процена на ризикот од корупција
- Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денеска во Скопје организира обука за претставници на полицијата/Министерството за внатрешни работи во областа процена на ризикот од корупција и законодавство за проверка на корупцијата.
- Post By Виолета Геров
- 07:19, 2 mars, 2026
Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денеска во Скопје организира обука за претставници на полицијата/Министерството за внатрешни работи во областа процена на ризикот од корупција и законодавство за проверка на корупцијата.
Како што е најавено, во воведната сесија ќе се обратат Адем Чучул, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, Алберт Хани, директор на Регионалната антикорупциска иницијатива, Никола Прокопенко, раководител на сектор во Министерството за правда и претставник на државата во управната група на РАИ, и аташето Клаус Грубер, службеник за врска на Сојузното министерство за внатрешни работи при австриска амбасада во Скопјe
Обуката ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ од 9 часот. Изјави за медиумите, по воведната сесија, ќе имаат претседателот на антикорупциската комисија, Чучул, и директорот на РАИ, Хани. вг/хс/
Фото: РАИ, плакат