• e diel, 30 qershor 2024

Неделен возен ред на јавниот превоз, ќе работат и билетарниците

Неделен возен ред на јавниот превоз, ќе работат и билетарниците

Скопје, 22 јуни 2024 (МИА) - Автобусите на ЈСП „Скопје“ денеска, поради верскиот празник Духовден, ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Според ЈСП, денеска и сите билетарници и центри за персонализација ќе имаат редовно работно време, а жичницата на Водно ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот. 

Утре автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Вообичаено ќе работи и жичницата, од 10 до 20 часот. мч/мд/

фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR