• e diel, 20 tetor 2024

На ГП Деве Баир лишен од слобода турски државјанин, покажал две фалсификувани зелени карти за товарно возило и полуприколка

На ГП Деве Баир лишен од слобода турски државјанин, покажал две фалсификувани зелени карти за товарно возило и полуприколка

Скопје, 20 октомври 2024 (МИА) - На Граничниот премин Деве Баир, на излез од државата, денеска во 02.20 часот полициски службеници го лишиле од слобода А.Ч.(43) од Република Турција поради тоа што приложил две фалсификувани зелени карти за товарно возило „ДАФ“ и полуприколка „Тирсан“ со турски национални ознаки, кои ги управувал.

Од МВР соопштија дека при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека А.Ч. приложил две фалсификувани зелени карти за товарно возило „ДАФ“ и полуприколка „Тирсан“ со турски национални ознаки. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка. цр/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR