• e premte, 21 mars 2025

Најмалку шестмина повредени во руски напад врз Запорожје

Најмалку шестмина повредени во руски напад врз Запорожје

Киев, 21 март 2025 (МИА) – Руските сили во текот на ноќта го гранатираа украинскиот град Запорожје, при што биле повредени шест лица, меѓу кои и едно четиригодишно дете, соопшти началникот на Воениот административен округ Запорожје, Иван Федоров.

Според неговата објава на Телеграм, две куќи се уништени, а три се оштетени, а на местата на нападот избувнал пожар, пренесува Укринформ.

Како што се наведува, во тек е отстранување на последиците од нападот. јт/

QËNDRONI TË LIDHUR