Без вода дел од Општина Гази Баба
- Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Шеснаесетта македонска бригада“, „Трифун Хаџијанев“ и „Јани Лукровски“ во Општина Гази Баба.

Скопје, 5 март 2025 (МИА) - Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Шеснаесетта македонска бригада“, „Трифун Хаџијанев“ и „Јани Лукровски“ во Општина Гази Баба.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект во шахта на улицата „Шеснаесетта македонска бригада“ бр. 8/2.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. мд/ев/
Фото: МИА архива