Мојсоска: 120-те пратеника да гласаат за Законот на Левица за ограничување на патните трошоци
- Во периодот од 2010 до 2024 година, само за патни трошоци на пратениците отприлика биле потрошени: - ДПМНЕ: 3.700.000 евра - СДС: 2.000.000 евра - ДУИ: 680.000 евра.
![Мојсоска: 120-те пратеника да гласаат за Законот на Левица за ограничување на патните трошоци](https://mia.mk/images/20250211085051_big_730x400_66.webp )
Скопје, 11 февруари 2025
Во периодот од 2010 до 2024 година, само за патни трошоци на пратениците отприлика биле потрошени:
- ДПМНЕ: 3.700.000 евра
- СДС: 2.000.000 евра
- ДУИ: 680.000 евра.
- Во овие суми не се вметнати трошоците за кирии за пратениците, од кои грото имаат станови во Скопје, додека наплаќаат кирии од државата - истакнува пратеничката и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска.
- Утре, 12 февруари - среда, 120 пратеника имаат можност да ја напуштат ароганцијата и да гласаат за Законот на Левица, која џентлменски предлага ограничување на патните трошоци (да не е укинување, за да не се ,,навредат" останатите пратеници) - апелира таа.
- Кога ќе ви речат наредно дека нема пари државата за доктори; за покачување за плати за наставниците; за негувателки во градинките; за опремување на болниците; за лекови на лицата со ретки болести, имајте предвид дека над 6 милиони евра се потрошени само за патни трошоци - додава Мојсоска од Левица.
Оттука - Македонија не е сиромашна држава, туку многу џаболебари има за хранење!
Со почит,
Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица
Фото: ПП Левица
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.