• e martë, 12 nëntor 2024

Мицкоски нема информации за можно поскапување на струјата, најави ваучери за инвертери и идната година

Мицкоски нема информации за можно поскапување на струјата, најави ваучери за инвертери и идната година

Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски вели дека до овој момент нема информација за евентуално поскапување на струјата. Како што оцени денеска, состојбата е стабилна и конслидирана, а Владата, и покрај сите предизвици, навреме презема мерки за да нема ценовен шок и да има електрична енергија.

Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, за идната недела најави „пријатно изненадување“ поврзано со енергетиката и сигурноста во снабдувањето со енергенси.

Ваучери за инвертери за домаќинствата, како што информира премиерот, ќе има и идната година.

-До овој момент немам информација дека ќе има зголемување на цената на електричната енргија. Зимата ќе биде предизвикувачка, имајќи предвид со што се се соочува Европа и какви се временските прогнози. Во име на тоа преземавме мерки, за да не дојде до ценовен шок и до поскапување на струјата. Како тоа на крај ќе заврши, зависи и од Регулаторна комисја за енергетика, истакна Мицкоски по увидот во градежните работи на делници во Велес.ж

I understand the EU Commissioner, she needed to pass the hearing which required the votes of MEPs from our eastern neighbor, I think she saw those messages through that optics, and I do too.

Тој потсети дека оваа Влада го почна мандатот со одлуката од претходната, која обезбеди 85 отсто од потребите на граѓаните од 1 јули до 31 декември.

-Веќе сме средина на ноември, ние ја зголемивме количината на 100 проценти, а притоа не дојде до поскапување на струјата. Компанијата се консолидира, ја посетивме РЕК Битола, околу 200 - 250 илјади тони имаме на депонија, на греда, таа состојба беше на нула, имаме парче кое се ископува од 1,5 милиони, се увезува јаглен по 10, 15, 20 отсто пониски цени, режиските трошоци се намалени за 15 отсто. Заштедата ќе биде околу половина милијарда денари кога ќе заврши целиот процес. Тоа ми дава право да кажам дека состојбата е стабилна, конслидириана, и покрај сите предизвици преземавме навреме мерки за да нема ценовен шок, да има струја. Гасот што го набавуваме за потребите на ЕСМ е за драматично пониска цена од онаа што го набавуваше претходната Влада. Следната недела, среда, четрток, очекувам пријатно изненадување кога станува збор за енергетиката и сигурноста во снабдувањето со енергенси, подвлече Мицкоски.

Информира и дека пред да дојде денеска во Велес имал состанок со министерката за енергетика Сања Божиновска, од која бил информиран дека над 85 отсто од ваучерите за инвертери се поделени за помалку од два дена.

-Интересот е голем, правиме се што можеме да го затвориме процесот како што треба и во иднина да ја зголемиме поддршката, истакна Мицкоски. мч/сст/

фото: МИА и принт скрин

 

 

 

 

 

 

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR