• e shtunë, 04 janar 2025

Митовски и тим од Општина Крива Паланка ги посетија итните служби во градот 

Митовски и тим од Општина Крива Паланка ги посетија итните служби во градот 


Крива Паланка, 1 јануари 2024 (МИА) -  Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски и претседателката на Советот на Општината Изабела Павловска, заедно со претставници од општината, ги посетија итните служби од Крива Паланка, чиишто вработени синоќа беа во служба на граѓаните на своите работни места.

Внимание им беше укажано на вработените во одделение за внатрешни работи, Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка, подрачна канцеларија на Гранична полиција, полициска служба на Граничниот премин помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, Деве Баир, територијална противпожарна единица Крива Паланка, итна медицинска помош при Здравствен дом Крива Паланка, Јавно претпријатие Комуналец, одделение за водовод, Подрачна канцеларија на Шумска полиција, Царинската управа во Крива Паланка и Хидрометеоролошка станица од градот.

При посетата согласно нивните барања и потреби им беа доставени скромни подароци од општината, во знак на благодарност за нивната посветеност на работата, особено поради фактот што секогаш се на располагање на граѓаните, без оглед на празничните денови.

- Ги посетивме итните служби од општината кои вечерва се на своите работни места, во служба на сите граѓани за време на новогодишната ноќ. За службите доставивме и симболични подароци од општината во знак на благодарност и почит кон професионалноста во нивната работа и неуморната грижа, секој во својот домен, за безбедност, сигурност и заштита на граѓаните, рече Митовски.ид/лв/

Фото МИА 

QËNDRONI TË LIDHUR