Од денеска ќе се вози по експресниот пат Куманово (Страцин)-Крива Паланка
- Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка во должина од 25,5 километри, денеска ќе биде пуштен во употреба.
- Post By Лидија Велковска
- 07:05, 4 janar, 2025
Скопје, 4 јануари 2025 (МИА) - Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка на Коридор 8 во должина од 25,5 километри, денеска ќе биде пуштен во употреба. Изградбата почна во мај 2018 година.
Инвестициската вредност на изградбата е 93,7 милиони евра од кои 80,20 милиони евра се средства од Светска Банка, а останатите се грант средства во висина од 13,50 милиони евра.
На официјалното пуштање на патот најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски.
Експресниот пат се градеше во две фази и тоа: Лот 1 делница, Длабочица – Страцин (Чатал) во должина од 15.55 километри за која беа инвестирани 43,75 милиони евра, финансиран со средства од Светска Банка и грант средства, и Лот 2 делница, Крива Паланка – Длабочица во должина од 10 километри за која се инвестирани 50,54 милиони евра од Светска Банка и грант средства.
Изведувач на работите на Длабочица-Чатал првично беше италијанската „Tirrena Scavi“ но поради слабиот прогрес договорот беше раскинат и работите ги продолжи Страбаг, а втората делница ја градеше „Гранит“. Надзорот над двете делници го вршеше ДИВИ Македонија. лв/ев/
Фото: МИА архива